12.8 C
Skopje
недела, 2 ноември 2025

Зјелински постигна вистински еврогол, Интер победи со автогол во 94-тата минута (Видео)

Фудбалерите на Интер забележаа планирана победа и славеа со 1-2 на гостувањето кај Верона. Сепак, до трите бода дојдоа многу потешко од очекуваното.

Пјотр Зјелински го отвори резултатот во 16-тата минута со фантастичен гол со волеј, откако Чалханоглу изведе корнер. Домашните израмнија во 40-тата минута преку Џоване, а Интер до победата дојде во 94-тата минута со автоголот на Фресе.

Интер со оваа победа се израмни со Рома по 21 бод на делба на втората позиција, односно бод помалку од лидерот Наполи.

- Оглас -

Најнови вести