Артем Ѕјуба со четири гола и еден утнат пенал, беше главен лик на натпреварот на кој Русија го декласираше Сан Марино со 9-0, еден од најтешките порази во историјата на малата земја од апенинскиот полуостров.
Сан Марино е најслаб тим во Европа, во последните пет години реди само порази, а повеќе од овие девет голови примија само на пријателски меч со Хрватска во 2016 година, кога Хрватите дадоа 10 гола.
Во групата Ц, Северна Ирска со пресврт во последнинте 15 минути ја победи Естонија, и изби на прво место во групата пред Германија и Холандија кои допрва треба да ги одиграат своите мечеви.
Важен триумф оствари Унгарија на гостувањето кај Азербејџан, како и Финска, која дома со 2-0 ја совлада БиХ.