Златан Ибрахимовиќ пред 12 дена пред преполниот „Сан Сиро“ објави дека ја заврши кариерата, а денеска доби понуда да остане во Милан.
Според италијанските медиуми, челниците на Милан му понудија на Златан функција која досега не постоела – да биде врска помеѓу фудбалерите и управата.
Според медиумите, Златан сè уште не одлучил дали ќе ја прифати и ќе остане во Милан или ќе побара нов предизвик.
Златан Ибрахимовиќ во кариерата одигра 827 натпревари за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ, Манчестер јунајтед, ЛА галакси и Милан и постигна 496 гола.
За репрезентацијата на Шведска одигра 122 натпревари, притоа постигнувајќи 62 гола.