Златан е јасен: Не ме интересираат есенски, зимски, вицешампионски титули, Милан оди по шампионската круна

Златан Ибрахимовиќ е јасен и вели дека не го интересира никаква есенска, зимска или каква било титула освен шампионската круна која се освојува со прво место на крајот на сезоната.

„Сè освен шампионската круна на крајот од сезоната е утеха за лузери. Не ме интересира никаква вицешампионска, есенска, зимска титула. Сакам да бидам шпампион со Милан и само тоа ќе биде успех“, вели легендарниот напаѓач.

По пауза од неколку натпревари, Златан играше за Милан во меч од Купот на Италија и сега е подготвен за предизвиците што следат.

„Милан е гигант што не смее да се задоволи со пласман во Лигата на шампионите. Секогаш кога има шанса, мора да се оди на титула, а сега имаме сè што ни е потребно за да бидеме прваци на Италија. Знам дека клубот не играл во Лигата на шампионите од 2013/14, но мораме да се вратиме на големата сцена со освојување на Скудетото во Серија А“, додава Ибрахимовиќ.

По 17 кола, или малку помалку од половина првенство во Италија, Милан е лидер со 40 бода, пред Интер со 37, Рома со 34, Јувентус со 33 и Аталанта и Наполи со по 31 бод, како главни кандидати за Скудетото.

 

- Оглас -

Најнови вести