Златан Ибрахимовиќ ќе игра фудбал и на 40-годишна возраст, откако е објавено дека веќе се договорил со Милан да продолжи со настапи и во 2022 година.
Се чека само официјална потврда на Росонерите, и тоа најавена за денеска. Златан моментно има 39 години и е еден од највозрасните фудбалери што настапува во Серија А..
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1385235567403802624?s=20
Во Милан е по вторпат во кариерата откако го носеше „црвено-црниот“ дрес во периодот од 2010 – 2012 година, а играше за сите три најтрофејни екипи во Италија, вклучувајќи ги и Јувентус и Интер.