Златан ги прозва навивачите кои го исвиркуваа, а потоа потврди дека е најголем егоист во фудбалот

Златан Ибрахимовиќ вчера по мечот од последното коло во Серија А меѓу Милан и Верона објави дека заминува во пензија. Повредите кои го мачеа во последните две години беа посилни, но Златан уште еднаш потврди дека е Златан и во прошталниот говор ги прозва навивачите кои го исвиркуваа.

На стадионот „Сан Сиро“ во моментите додека држеше говор, фановите на Верона почнаа да го исвиркуваат Ибрахимовиќ, но Швеѓанецот не им остана должен.

„Само продолжете да свиркате. Ова е најголемиот момент во вашата година кога ќе ме видите“, им се обрати Ибрахимовиќ на навивачите на Верона и предизвика еуфорија кај фановите на Милан.

Златан имаше свое шоу и на прес-конференцијата по натпреварот кога потврди дека е фудбалер со најголемо его. Тој на прашањето кој би можело да биде неговиот наследник, даде одговор во негов стил.

„Тоа е невозможно, само еден е Златан. Кога бев дете, ме споредуваа со Марко ван Бастен, но тоа е едно, а јас сум сосема нешто друго. Може да има некакви сличности, но смета дека споредбите не се праведни. Се сомневам дека ќе се појави некој со его како моето“, изјави Ибрахимовиќ.

- Оглас -

Најнови вести