19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Златан го кажа судбоносното „да“!

Готово е, Златан Ибрахимовиќ дефинитивно се враќа во Милан. Оваа информација ја потврдија едни од најпознатите италијански новинари, Џанлука ди Марцио и Фабрицио Романо, кои будно ја следат ситуацијата на „Сан Сиро“ и се добро информирани.

Во најскоро време ќе бидат познати сите детали, а Златан повторно ќе го гледаме во црвено-црниот дрес. Ибрахимовиќ ги бранеше боите на Милан од 2010 и 2012 година, кога шампионската титула на Серија А последен пат дојде во Милано.

Утре, односно најдоцна до крајот на оваа недела, Милан и Златан ќе ја официјализираат соработката.

https://twitter.com/DiMarzio/status/1210215162822692864

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1210220529996750860

- Оглас -

Најнови вести