Златан го одбрал Милан, но има еден проблем

Голема е веројатноста Златан Ибрахимовиќ наскоро повторно да го облече дресот на Милан, но до потпишувањето на договорот го дели еден не баш мал детаљ, и тоа оној околу платата.

Ибрахимовиќ го одбра Милан како свој следен клуб, но понудата која му ја дале Звонимир Бобан и Паоло Малдини не ги задоволува неговите апетити. Плата од 6 милиони евра за 18 месеци е малку, смета Златан, и затоа уште не е постигнат дефинитивен договор. Од Милан мислат дека понудата е реална за играч кој е ветеран и доаѓа од МЛС-лигата.

Проблемот на Ибра е што тој нема намера да игра за друг тим, па можеби ќе мора да ги прифати овие шест милиони само за да игра повторно за Росонерите. Но, од друга страна, ако 38-годишниот Швеѓанец биде незадоволен, тоа ќе биде проблем за Милан, па можеби е попаметно да му дадат малку повеќе пари од овие 6 милиони за една и пол година престој на „Сан Сиро“.

Многу работи треба да станат појасни во текот на наредната недела.

- Оглас -

Најнови вести