Пред една година, легендарниот Златан Ибрахимовиќ влезе во бизнис светот и инвестираше милионски суми во нов спорт, кој на почетокот се сметаше за најбрзо растечки спорт во светот.
Ибрахимовиќ имаше идеја да го подигне „Падел светот“ во Шведска на повисоко ниво, вложи милиони во развојот на спортот и отвори неколку центри во својата татковина преку својата мрежа „Падел Центар“.
Сепак, сега оваа инвестиција се покажува како неуспешна и бележи огромни загуби, пренесуваат светските медиуми. Ибрахимовиќ се обидува да ја спаси ситуацијата, односно она што може да се спаси.
Според извори од Шведска, најголемиот проблем е што цените на термини останале високи и кога интересот за спортот почнал да опаѓа, што само го забрза падот.
Сето тоа доведе до сериозни проблеми во бизнисот на Златан со падел центрите во Шведска, со загуби кои се проценуваат на милиони долари. Тој сега се обидува да ја стабилизира ситуацијата преку проширување на во Италија.
Ибрахимовиќ веќе отвори еден падел центар во Милано, а доколку се покаже профитабилен, планира проширување и во други италијански градови.

