Златан Ибрахимовиќ со една нога е во Милан!

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ е многу блиску до враќање во Милан, тврди италијанската новинска агенција АНСА, повикувајќи се на извори од клубот.
Разговорите се водат веќе неколку недели, 38-годишниот фудбалер не е сигурен околу платата која му ја нудеа, не брзаше да каже „да“, но катастрофата против Аталанта беше клучен фактор и Ибра решил да прифати да се врати кај Росонерите.
Договорот на Ибрахимовиќ со Лос Анџелес галакси му истекува на 31 декември. Тој дресот на Милан го носеше од 2010 до 2012 година, кога тимот за последен пат освои шампионска титула во Серија А.
- Оглас -

Најнови вести