Златан: Јунајтед сега е подобар отколку во мое време, но ние освојувавме трофеи

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, верува дека актуелниот состав на Манчестер јунајтед е подобар од тој во периодот од 2016 до 2018 година, кога Ибра настапуваше за Црвените ѓаволи, но во времето на менаџерот Жозе Мурињо клубот освојувал трофеи за разлика од овој предводен од Оле Гунар Солскјер.

Манчестер јунајтед го исфрли Милан од Лига Европа, а 39-годишниот Швеѓанец смета дека англискиот гигант треба да освојува пехари за да биде ценет. Кога Ибра играше за Јунајтед, тимот ги освои Лига Европа и Лига купот во Англија.

„Мислам дека сега изгледаат подобро отколку јас кога играв. Но, тоа ништо не значи ако не освоите ништо. Ние освојувавме трофеи, тоа е големата разлика“ – рече Ибрахимовиќ.

- Оглас -

Најнови вести