Златан Ибрахимовиќ со двата гола вчера против Интер му ја донесе победата на Милан од 2-1 за потврда на одличниот старт на Росонерите по четири кола во Серија А.
Швеѓанецот брилјираше на теренот на „Џузепе Меаца“, а денес конечно се јави на социјалните мрежи и кажа кој царува со Градот на модата.
„Милано никогаш претходно немал крал, сега има Бог“, напиша Златан на „Твитер“ покрај објавената фотографија од вчерашното дерби.
Milano never had a king, they have a GOD pic.twitter.com/LmQxt0XnwG
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) October 18, 2020