Златан Ибрахимовиќ се најде на листата на шведски фудбалери кои се кандидати за настап на бараж-мечот за Светско првенство против Чешка.
Како што кажа селекторот Јане Андерсон, ѕвездата на Милан не е подготвен да игра цел меч, но сакал да биде дел од екипата и можел да помогне со својот квалитет и лидерство. Ибра за Шведска има 62 гола на 120 меча.
Швеѓаните играат дома против Чешка, а победникот оди во финалето против Полска, која без борба е финалист бидејќи Русија е суспендирана.