20.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Златан ќе се врати да игра во градот во кој помина голем дел од кариерата

Златан Ибрахимовиќ речиси сигурно од јануари ќе биде дел од италијанскта Серија А. Повеќе калчолигаши се во трка за потписот на искусниот шведски голгетер, а интересно е што Болоња е клубот кој нуди можеби и најголема плата за Ибра од сите останати ривали.

Сепак, дури Болоња и да понуди најмногу, тешко е остварливо Ибра да дојде во овој град и тоа поради неговата сопруга и семејството. Весникот „Газета дело спорт“ пишува дека Ибрахимовиќ веќе решил да се врати во Милано, градот во којшто помина поголем дел од кариерата.

Голгетерот играше за Интер во периодот од 2006 до 2009 година, а потоа од 2010 до 2012 беше дел од тимот на Милан. Токму Росонерите се прва опција за легендарниот напаѓач, но останува да дојде зимскиот преоден рок и да се види која ќе биде конечната одлука на Ибрахимовиќ.

- Оглас -

Најнови вести