Златан на свој начин го најави враќањето на терените (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ закрепна од поврадата на Ахиловата тетива и е подтовен да му помогне на својот тим Милан во новите предизвици.

Шведскиот напаѓач ваквата вест, на свој начин ја најави на својот профил на „Инстаграм“.

Тој постираше слика на која се наоѓа заедно со Анте Ребиќ, каде што го означи соиграчот и напиша „Сè е под контрола, тато е тука“. Ваквата објава е поради бурната реакција која ја имаше Ребиќ кон главниот судија Гунејт Чакир по исклучувањето на Франк Кеси.

Милан во новото коло од Серија А игра дерби-меч против Аталанта на гостински терен.

- Оглас -

Најнови вести