Златан останува во Милан!

Златан Ибрахимовиќ и Милан се договорија на нова соработка која ќе трае до јуни 2021 година. Тоа значи дека Швеѓанецот останува на „Сан Сиро“ и ќе биде дел од екипата на Стефано Пиоли и во новата сезона.

Потпишувањето на новиот договор ќе се случи штом Ибрахимовиќ се врати од одмор. Раководството му вети на Златан дека летово ќе има засилувања со цел екипата да им се наметне на останатите конкуренти за Скудетото.

Засега не се познати деталите околу платата на Ибрахимовиќ, додека одредени бонуси ќе заработи според резултатите на тимот и личниот учинок.

- Оглас -

Најнови вести