Златан почнува актерска кариера: Ќе глуми во добро позната филмска франшиза

Златан Ибрахимовиќ на социјалните мрежи потврди дека започнува актерска кариера, а веќе му е позната и првата улога. Ѕвездата на Милан ќе ја глуми улогата на Кајус Антивирус во најновиот филм од добро познатата филмска франшиза, „Атерикс и Обеликс: Средното царство“.

Премиерата на филмот е предвидена за 2022 година, допрва ќе се одредува точен датум, а Златан ќе биде во друшто со едни од најпознатите француски холивудски актери, односно актерки, Винсен Касел во улогата на Цезар и Марион Котилар како Клеопатра.

Швеѓанецот секако нема да биде прв спортист кој се пробал на филмската сцена. Мајкл Џордан, легендата на Чикаго булс, во 1994 година се најде во главна улога во филмот „Вселенска кошарка“, на кој продолжението „Ново наследство“, односно вториот дел кој ќе се појави на филмските платна во претстојното лето, главната улога ја има Леброн Џејмс.

- Оглас -

Најнови вести