Златан погоди во Европа по 40 и кусур месеци, Милан рутински го победи Шамрок (Видео)

Златан Ибрахимовиќ повторно е стрелец во европските купови по пауза од три и пол години, а Милан рутински го победи Шемрок со 2:0 и се пласираше во полуфиналната квалификациска рунда за настап во Лигата на Европа.

Популарниот Ибракадабра беше прецизен во 23-тата минута во Даблин, а асистент на водечкиот гол за Милан беше Чалханоглу.

Претходно 38-годишниот напаѓач беше стрелец во еврокуповите како играч на Манчестер јунајтед, а постигна хет-трик против Сент Етјен во Лигата на Европа во февруари 2017 година.

https://twitter.com/semo33xx/status/1306662559500636162?s=20

Турскиот репрезентативец потоа и самиот успеа да постигне погодок со прецизен удар во 67-мата минута за сигурен триумф на фаворитот.

Милан ќе му биде домаќин на лидерот во норвешкото првенство Бодо Глимт во следната рунда, а повторно се игра само еден меч.

- Оглас -

Најнови вести