Точно пред две децении, на 22 август 2004 година, Ајакс ја декласира НАЦ Бреда со 6-2, а тогаш младиот Златан Ибрахимовиќ го постигна еден од најневеројатните голови во фудбалска историја, гол кој и ден денеска се прераскажува.
Швеѓанецот си поигруваше со пет противнички играчи, ги дриблаше, со финти ги легнуваше на земја, на крајот го измами и голманот и даде антологиски гол.
Интересно е дека фановите на Ајакс го исвиркуваа Ибра на тој меч затоа што четири дена претходно на пријателски меч го повреди тимскиот колега и миленик на навивачите, Рафаел ван дер Варт, наводно намерно.
Беше јасно дека во Ајакс нема место и за Златан и за Ван дер Варт, па само една недела по овој погодок, Копјаниците го продадоа Ибра во Јувентус.