Златан пред влез во клубот „500“

Златан Ибрахимовиќ е еден од малкумината активни фудбалери кој може да влезе во клубот „500“, односно попладнево да стигне до учинок од 500 клупски погодоци.

Досега брои 499 гола како играч на Малме (18), Ајакс (48), Јувентус (26), Интер (66) , Барселона (22), Милан (81), ПСЖ (156) и ЛА галакси (53), додека пак ако се сметаат и головите за шведската репрезентација, популарниот Ибра брои вкупно 561 погодок.

Во 15 часот Милан го пречекува аутсајдерот Кротоне на „Сан Сиро“, меч во кој токму Златан ќе го предводи нападот на Росонерите во обидот екипата повторно да се врати на врвот на табелата во Серија А со евентуална победа.

- Оглас -

Најнови вести