Златан се прости од Галакси: Дојдов, видов, освоив….

Златан Ибрахимовиќ со објавата на својот профил на „Твитер“ разреши барем половина од неговата иднина. Тој дефинитивно нема да продолжи да го носи дресот на ЛА галакси иако постоеше опција да остане во МЛС-лигата. Сепак, со пораката која ја испрати Ибрахимовиќ јасно е дека има други планови, а дали тоа се да се врати во Европа, поточно во Италија, како што се најавуваше, или пак ќе прифти некој нов предизвик, ќе се дознае наскоро.

Во меѓувреме, шведската ѕвезда се заблагодари за поддршката во секој поминат миг во Галакси, но неговата приказна ќе продолжи на друго место.

„Дојдов, видов, освоив. Ти благодарам ЛА галакси што ми даде шанса повторно да се почувстувам жив. До навивачите на Галакси – го баравте Златан, ви го дадов. Повелете и друг пат. Приказната продолжува… А сега, вратете се на бејзболот“, напиша Ибрахимовиќ на „Твитер“.

Статистички гледано, Ибрахимовиќ имаше две импресивни сезони играјќи за популарната франшиза од Калифорнија. На 58 натпревари постигна 53 погодоци, од кои 30 ги реализира оваа сезона во регуларниот дел. Сепак, не успеа да го одведе тимот до нова титула во МЛС-лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести