Златан Ибрахимовиќ минатиот месец се врати во Милан, клубот во кој ја заврши професионалната кариера, и тоа како специјален советник, но веднаш ги налути навивачите.
Тој по преземањето на функцијата, се појави во тренинг-кампот на Росонерите во Миланено, каде што разговараше со тренерот Стефано Пиоли и фудбалерите, а потоа го следеше мечот против Салернитана и потоа одлучи да замине на одмор.
Златан со семејството замина на краток одмор во Мајами и не присуствуваше на последниот натпревар на Милан на „Сан Сиро“ против Сасуоло (1:0).
Токму поради овој потег, навивачите на Милан му се налутија на Златан бидејќи екипата сезонава не игра според очекувањата, испадна од Лигата на шампионите и ќе игра во Лигата на Европа, а во Серија А се наоѓа на третото место на табелата со девет бода помалку од лидерот Интер.