Златан славеше „стотка“ во Милан: Немам конкуренција

Златан Ибрахимовиќ прослави јубилејни 100 натпревари за Милан, па клубот му подари дрес со бројот 100 на грбот. Искусниот шведски голгетер до јубилејот стигна во победата над Парма во претходното коло, кога Росонерите славеа со 3-1.

Во два престои на „Сан Сиро“, Златан одигра 100 меча во црвено-црниот дрес во кои реализира 62 погодоци и 26 асистенции.

„Им благодарам на соиграчите, без нив ова немаше да биде возможно. За среќа, немам конкуренција. Чест е да се игра за голем клуб како што е Милан и се надевам дека ќе играм тука уште многу натпревари“, истакна Ибрахимовиќ.

https://twitter.com/acmilan/status/1284186693436952577

Златан вечерва ќе има прилика да настапи во 101-от меч за Росонерите, кои на домашен терен го пречекуваат тимот на Болоња.

- Оглас -

Најнови вести