Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ се повреди кон крајот на минатата сезона, потоа имаше и операција, но 40-годишниот голгетер повторно е подготвен со своите мајстории да ги воодушевува љубителите на фудбалот, најмногу навивачите на Милан. Во текот на септември, тој би требало повторно да заигра.
Росонерите го купија Оливие Жиру и нема потреба да се форсира и брза со враќањето на популарниот Ибра, но секако таков играч им е повеќе од потребен кога е здрав. Златан со една снимка од тренинг се пофали дека е во форма.
Погледнете ги мајсторските потези на Ибрахимовиќ:
Tick tock is over pic.twitter.com/jDxmSAGCmn
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) August 28, 2021