30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Златан во свој стил кажа зошто одбил да потпише за Арсенал, иако позираше со нивен дрес!

Кога имаше 19 години, Златан Ибрахимовиќ бил на прагот да потпише договор со лондонски Аресенал, но тоа не се случи, затоа што на тогашниот тинејџер под чест му било да биде на проба.

Златан се појавил во кампот на Арсенал, направил неколку фотографии со дрес на Арсенал и бројот 9 на грбот со неговото презиме, но менаџерот Арсен Венгер сакал да се увери во квалитетите и да го донесе на проба.

„Тој сакаше да види колку сум добар, да поминам некаква проба. Не можев да верувам. Златан не доаѓа на проби“ – објасни Ибрахимовиќ зошто се налутил и не потпишал за Топчиите, туку се вратил во Малме и набрзо потпиша за Ајакс, како вовед во неговата богата кариера.

Ибра кој сега има 40 години, член е на Милан, и кариерата му е при крај, важи за еден од најдобрите светски напаѓачи во последните 15-20 години. Неговиот карактер е посебна приказна, некои сметаат дека Швеѓанецот е комбинација од ароганција, самобендисаност и генијалност.

- Оглас -

Најнови вести