Финалето за МЗТ е вечерва – Златибор Чајетина му заврши голема работа на тимот од Аеродром

Екипата на Златибор Чајетина е првиот финалист на завршниот АБА 2 турнир кој што се игра во „Јане Сандански“ во Скопје, а тоа се одлични вести за МЗТ.

Доколку македонскиот претставник од 21 часот го совлада Широки Брег ќе се пласира дирекно во АБА 1 лигата бидејќи Србија не смее да има повеќе пет учесници во најсилната лига.

Српскиот претставник во првото полуфинале од денешната програма, ја совлада екипата на Борац Бања Лука од Босна и Херцеговина со резултат од 98:83.

Иако по првото полувреме, Златибор имаше водство од 43:41, вистинската предност и разлика беше направена во третата (24:18) и на стартот од последната четвртина, каде што поведоа и со 81:62 на шест минути до крајот.

Сето тоа беше недостижно за нивниот ривал а на крај средбата заврши со 98:83. Најефикасен кошаркар на теренот беше Душан Кутлешиќ со 30 постигнати поени.

Како што најавивме и погоре, за МЗТ вечерва против Широки ќе биде големото финале, а победникот ќе оди директно во АБА 1 лигата, без разлика на исходот во финалето.

- Оглас -

Најнови вести