Екипата на Златибор од Чајетина поведе 1-0 во серијата во две добиени средби, откако вечерва го совлада скопски ТФТ со 101-86 во првиот четвртфинален дуел од плејофот во регионалната АБА 2 лига. Вториот меч се игра за една недела во Скопје, а ако има потреба од мајсторка, би се играла по две недели, пак во Србија.

Златибор до победата дојде благодарение на прецизноста и реализацијата на шутевите за три поени. Овој тим погоди дури 19 тројки од 35 обиди што е високи 54,3 отсто успешност. ТФТ даде „само“ 8 тројки и тука беше главнаа разлика.
Нападот на ТФТ не беше лош, петмина играчи имаа двоцифрен број поени, но одбраната не го положи испитот.

