Златко Далиќ успешно опериран

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ, беше подложен на операција на колкот во болницата „Света Катарина“ во Загреб, објавија „Спортске новости“.

Станува збор за рутински зафат кој поминал успешно. Според најавите, Далиќ ќе остане во болницата уште ден или два, по што ќе продолжи со рехабилитација. Се очекува до собирот на репрезентацијата за Лигата на нации на 17 март да биде во одлична форма, според прогнозите на лекарите.

Далиќ имал помали проблеми со колкот, што предизвикувало поткривнување при одењето, па одлучил хируршки да го реши овој проблем. Операцијата ја извршил познатиот хирург Трпимир Врдољак.

Очекувањата се дека Далиќ наскоро ќе може нормално да се движи, а за околу два месеци ќе може и да трча, со целосно враќање во одлична физичка состојба.

- Оглас -

Најнови вести