Во дербито на 31-то коло во Бундеслигата, Рд Бул Лајпциг со убедливи 4:1 ја совлада Борусија Дортмунд, речиси сигурно го обезбеди четвртото место на табелата кое води во Лигата на шампионите следната сезона.
На три кола до крајот на сезоната, тимот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, има 62 бода и е четврти, додека Милионерите останаа на петтото место со 57 бодови.
Милионерите одлично го започнаа натпреварот, Џејдон Санчо во 20-тата минута го отвори резултатот, но тоа беше се што сторија гостински играчи.
Ред Бул Лајпциг само три минути подоцна пеку Лоис Опенда израмни на 1:1, а Бенјамин Шешко во последните моменти од првиот дел го сврте резултатот во корист на домаќинот.
На стартот од вториот дел, Симакан зголеми на 3:1 и ги реши дилемите околу победникот.
До крајот на мечот, Баумгартнер погоди за убедлив триумф на Ред Бул Лајпциг кој му го трасира патот кон ЛШ следната сезона. Елмас целиот натпревар го следеше од клупата за резервни играчи и не доби шанса да заигра.
Хари Кејн продолжува да ги тероризира одбраните и голманите во Бундеслигата, денеска постигна два гола за Баерн Минхен кој на „Алијанц арената“ славеше против Ајнтрахт.
Кејн ги постигна двата гола за Баерн Минхен и дојде до бројката од 35 постигнати голови во Бундеслигата и повеќе од сигурно е дека ќе ја освои „Златната копачка“ за најдобар стрелец во сезонава 2023/24. Најблиску до Кејн е Килијан Мбапе кој досега има постигнато 26 голови.
Англичанецот првиот гол за Баерн го постигна во деветтата минута, а вториот во 61-та од пенал за триумф од 2:1 над Ајнтрахт по кој има 69 бода и е втор на табелата.
На останатите два меча славеа гостите, Вердер беше убедлив против Аугсбург (3:0), додека Фрајбург се радуваше на гостувањето кај Волфсбург (2:1).