Златната топка ќе поцрни од срам – Левандовски нема да ја добие и нема да биде ниту втор

Лионел Меси ќе ја добие Златната топка за најдобар играч во сезоната 2020/21, а зад него ќе биде Карим Бензема, па дури потоа доаѓа Роберт Левандовски, извонредниот стрелец кој постигна 48 гола на 40 натпревари во ланската сезона, објавија шпански медиуми, а информацијата ја пренесоа и дел од англиските медиуми.

Церемонијата на популарниот „Балон Д`Ор“ ќе се одржи за два дена и веќе е јасно дека Лео Меси по седми пат ќе го добие признанието.

Таквиот расплет на настаните според многумина е неправеден, особено кон Левандовски, кој нема да биде ниту втор, па пред него е и Карим Бензема.

Леванодвски беше крал на стрелците во минатата сезона и со Баерн ја освои титулата во Германија.

Меси го освои пехарот во шпанскиот куп, а потоа беше и првак на Јужна Америка со Аргентина, но големиот дел од фудбалските симпатизери очекуваа Левандовски да го одбие големото признание на Франс фудбал.

Бензема не освои апсолутно ништо ниту со Реал Мадрид, ниту со француската репрезентација во минатата сезона и ќе биде спорно како ќе се најде пред Левандовски на второто место, ако е точна информацијата што ја објавија шпански медиуми, а ја преноса и Англичаните.

 

- Оглас -

Најнови вести