Златното момче Педри пак е номиниран за престижната награда, конкуренти му се Белингем и Камавинга

Реномираниот италијански медиум „Тутоспорт“ одреди 80 кандидати за престижната награда Златно момче за 2022 година.

На врвот од листата се најде актуелниот освојувач на наградата, Педри, на кого пак главни конкуренти ќе му бидат Едуардо Камавинга од Реал Мадрид и Џуд Белингем од Борусија Дортмунд.

Наградата се доделува на играчи стари до 21 година, добитникот ќе биде познат кон крајот на годинава, а во топ 10 покрај тројцата главни кандидати уште се:

Хуго Екитике (Ремс), Карим Адејеми (Салцбург/Дортмунд), Јан Куото (Манчестер сити), Франсиско Консеисао (Порто), Рајан Гравенберх (Ајакс/Баерн Минхен), Гави (Барселона), Ентони Еланга (Манчестер јунајтед).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести