Кејлеб Дресел го освои златото во кралската дисциплина 100 метри слободно. Американецот исплива до целта за време од 47.02 секунди за нов олимписки рекорд. Кајл Чалмерс од Австралија е сребрен, а бронзениот медал го освои Климент Колешников од Русија.
Во женската штафета 4×200 метри триумфираше тимот на Кина со време од 7:40.33 минути за нов светски рекод. Сребрениот медал го освоија Американките, со бронза се закити тимот на Австралија.