Злато вреден триумф на Баерн Минхен кој го носи чекор поблиску до титулата

Баерн Минхен победи со 2:1 на гостувањето кај Вердер во Бремен и сигурно ќе остане лидер и по комплетирање на 31 коло во Бундеслигата. Со оваа победа, Баерн стигна до 65 бодови, четири повеќе од Борусија Дортмунд, која утре игра на свој терен против Волфсбург.

Во последните 30 минути беа постигнати сите три гола на дуелот во Бремен. Гнабри погоди за гостите во 62 минута, а Лирој Сане ја удвои предноста со погодокот во 73 минута.

Пред крајот на дуелот, Шмит намали на 1:2 во 87 минута, но домаќините немаа сила да избегнат пораз.

- Оглас -

Најнови вести