28.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Можеше да добие злато за најнеспортски потег на ЛОИ (Видео)

Кенискиот атлетичар Елиуд Кипчоге го одбрани златниот олимписки медал на маратонската трка на Игрите, повторувајќи го успехот од Рио де Жанеиро во 2016 година. Кипчоге беше најбрз на трката по улиците на градот Сапоро, град на северниот дел од Јапонија.

Ако во Сапоро времето е поладно од Токио, сепак на натпреварувачите им беше тешко да трчаат по топлото време, па на неколку места имаа пит-стоп позиции од каде што можеа да се освежат со вода. На едно такво место кога атлетичарите дојдоа до масите со вода, францускиот маратонец Морхад Амдоуи намерно ги турна сите шишиња со вода, недозволувајќи на оние кои беа позади него да се освежат.

https://youtu.be/rz-i0T0T2g4

 

Морхад Амдоуи

- Оглас -

Најнови вести