Ерик Кантона своевремено беше прогласен за „крал на фудбалот“ од страна на навивачите на Манчестер јунајтед. Легендарниот Французин и миленик на Сер Алекс Фергусон во раните деведесети години од минатиот век блескаше на „Олд Трафорд“ по трансферот од редовите на Лидс, а многумина го паметат и по нападот над еден навивач на Кристал палас за време на натпревар.
Како вистински велемајстор, Кантона покажа дека и на 53 години не го загуби чувството за гол. Со неколку жонглирања и волеј од вртење потсети на старите добри времиња.