Последните иницијативи на навивачите на Левски за финансиско помагање на софискиот клуб не останаа незабележани и надвор од границите на Бугарија. Сините продадоа малку под 11.000 билети по цена од 5 евра за првенствениот дуел против Лудогорец, иако мечот требаше да се игра во саботата пред празни трибини поради пандемијата од Коронавирус.
Подоцна средбата беше одложена и кај нашиот источен сосед се запрени сите првенства. Се разбира, фановите не ни помислуваат да бараат да им бидат вратени парите.
„Навивачите кои купија билети, нека ги чуваат. Ќе им требаат за во иднина, за идни натпревари кои ќе се играат со публика“, објави Левски.