19.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Знаете ли каков статус имаат репрезентативците во своите клубови?

Македонија синоќа против Украина за прв пат загуби квалификациски меч на кој имала водство од 2:0. Претходно сме загубиле по водство од 2:0 само уште од Шпанија, но тоа беше во пријателска средба, а овојпат тоа ни се случи во трка за бодови кои се многу важни за пласман на Европското првенство 2024 година.

Селекторот Благоја Милевски во изминатиов период често потенцира дека дел од репрезентативците не се константни во своите екипи, немаат доволен натпреварувачки ритам. Сепак, ситуацијата не е толку лоша кога ќе се види формата и континуитетот што го имаат фудбалерите кои стартуваа против Украина, па поединечно ви даваме информации за тоа како играле во изминатиов период. Од сите стартери „најкритичен“ е Висар Муслиу кој вчера доби црвен картон против Украина, а нема константност и кај Езџан Алиоски и Стефан Ашковски.

Столе Димитриевски е прв голман на Рајо, ама против Украина прими тро гола од три шута.

Стефан Ристовски е стандарден во Динамо Загрев игра константно речиси на сите мечеви.

Висар Муслиу во последните три месеци има одиграно само три меча (270 минути) за Инглштад во трета лига во Германија.

Ѓоко Зајков е стандарден игра во Универзитатеа Крајова во Романија на сите мечеви по 90 минути.

Езџан Алиоски во 2023 година има само два меча по 90 минути за Фенербахче, инаку вкупно на терен во изминативе шест месеци за турскиот гигант поминал точно 500 минути.

Енис Барди е во константен ритам во Трабзонспор и играч, иако ретко кога тоа се мечеви по 90 минути.

Аријан Адеми е докажан борец кој и по заминувањето од Динамо каде беше капитен, има значајна улога во тимот на Бејџин Гуан и игра стандардно во стартниот состав.

Стефан Ашковски за Ламиа во Грција на терено поминал само 112 минути во изминативе три месеци.

Александар Трајковски е првотимец и игра на секој меч за Ал Феиха во Саудиска Арабија.

Илија Несторовски влезе во добар ритам за Удинезе и играше на осум од последните девет средби во Серија А.

Елиф Елмас имаше одлична сезона во Наполи и беше значаен дел во освојувањето на титулата.

- Оглас -

Најнови вести