Навивачите на Ајакс уште пред мечот со Реал во славеничка атмосфера го чекаа натпреварот. Собрани на еден помал плоштад, фановите на тимот од Амстердам забележаа дека на еден од балконите во блиската зграда има закачено знаме на Реал Мадрид.
„Дај ми ја топката, ќе го погодам знамето“, одлучно рече еден од навивачите, а друг само го советуваше „Немој со пивото во рака“.
Навивачот не размислуваше премногу. Ја зема топката и по два направени чекори, ја шутна кон балконот. За чудо, топката заврши директно во знамето на Реал Мадрид, а симпатизерите на Ајакс со овации го поздравија овој потег.