Знамињата на пола копје кај Копјаниците – Почина стрелецот на првиот гол за Ајакс во Ередивизија

Холандскиот гигант Ајакс објави дека почина Лук Ван Едел, човекот што е запишан во клупската историја наа гигантот како стрелец на првиот гол за Копјаниците во Ередивизија.

Така оддамна се нарекува Првата лига на Холандија, а Ван Едел погоди прв за Ајакс во 1956 година.

Почина денеска на 88-годишна возраст како една од најголемите легенди на светски реномираниот фудбалски бренд од Амстердам.

https://twitter.com/AFCAjax/status/1554208792392392706?s=20&t=ZyywC1v9gMoX4iyP-RTVag

Ван Едел, или Благородникот како што го нарекуваа играше за Ајакс од 1954 до 1959 година и на 101 натпревар постигнал 56 гола, меѓу нив и првиот за славниот клуб во Ередивизија во Холандија.

 

- Оглас -

Најнови вести