Зоран Стојановски ја доби статуетката за најдобар Типстер на месецот за декември и си заработи 100.000 денари благодарение на неговите тикети уплатени во Sport Life. Стојановски имаше девет погодени тикети, но и многу среќа да биде најдобар во месецот со кој се затвори 2024 година.
Стојановски имаше девет погодени тикети и вкупно погоден коефициент од 201.03. Интересно е дека Александар Ј. исто така имаше девет погодени тикети и вкупен коефициент од 322.12, но тој не може да конкурира за најдобар бидејќи во оваа сезона веќе го доби овој примат.
Токму затоа Зоран е првопласиран со 201.03 погоден коефицинет, што е само 1,09 коефициент повеќе од Драган С., кој исто така имаше девет погодени тикети и вкупен погоден коефициент од 199.94.
„Секако дека за да се погоди еден тикет, потребно е знаење, но и многу среќа. Редовно играм во Sport Life и во минатата сезона бев Типстер на месецот. Најчесто играм на фудбалски мечеви, и тоа од помалку познатите лиги, од пониските лиги. Сакам да типувам на голови, а освен на фудбалски дуели, типувам и кошарка и хокеј“, задоволно коментира Стојановски.
Најдобриот типстер за декември вели дека има многу тикети кои за малку не биле добитни, но нема откажување.
„Ех, еден куп тикети не поминале само за еден гол, ама тоа не значи дека треба да се откажеме. Тактиката ми е најчесто да играм на на 6-7 натпревари и да има одреден коефициент. Колку и да се знаат работите и да се следат спортовите, потребно е и среќа“, додава Зоран, кој вели дека ги следи мечевите на Македонија од ракометното светско првенство, но едноставно игра ракомет на тикети.