Зорилја го исклучи ВАР со 16 илјади црвени картони (Видео)

Валјадолид успеа со пресврт да ја победи Селта со 2:1, за прв триумф во 2019 година, а мечот освен головите го одбележа протестот на „Зорилја“.

Пред мечот навивачите на Валјадолид, околу 16 илјади кои дојдоа да го бодрат својот тим му покажаа црвен картон на ВАР системот.

Поточно на начинот на кој се користи, а во Валјадолид сметаат дека неколкупати во текот на шпанското првенство беа оштетени.

Денеска немаше спорни моменти и домаќините по серија од шест меча без победа, конечно ги освоија бодовите.

Селта поведе со голот на Систо по 16 минути игра, а во вториот дел тргна комплетна офанзива на Валјадолид за пресврт и за победа.

Плано во 55. минута израмни на 1:1, а победата ја донесе Кеко со гол во 69. минута. По 21 коло Валјадолид има 25 бода на 12. место, а Селта остана на 17. позиција со 21 бод.

- Оглас -

Најнови вести