Зорман: „Македонија е подобра од тоа што го покажува резултатот“

Репрезентацијата на Словенија со двете победи над Македонија го потврди пласманот на Европското првенство, кое во јануари следната година ќе се одржува во Данска, Шведска и Норвешка.

Селекторот на Словенците, Урош Зорман, е задоволен од резултатот иако смета дека Македонија не заслужи убедливи порази.

„Имавме многу проблеми пред оваа ЕХФ недела, но моите ракометари одлично си ја завршија работата, за што искрено им честитам. Со исклучок на воведните десет минути од првиот меч во Скопје, сè останато беше во наша полза и ги надмина моите очекувања. Во двата меча сè изгледаше многу лесно, но не беше така. Македонија е многу подобра репрезентација отколку што покажуваат конечните резултати“, вели Зорман.

- Оглас -

Најнови вести