Зошто петти февруари е најфудбалскиот ден?

Од сите 365 дена во годината, петти февруари го има префиксот на „најфудбалски ден“. Тоа е така бидејќи на овој датум се родени многу познати фудбалери. Нема друг датум во годината на кој се родени толку звучни имиња во светот на фудбалот.

Пишувавме за тоа како Нејмар го прослави денешниот роденден. Бразилецот кој е еден од најдобрите фудбалери во светот во моментов наполни 27 години. Сепак, тој не е најславиот фудбалер на денешницата кој е роден на петти февруари. Тоа е датум кога се родил и Кристијано Роналдо. Португалецот кој има своено 5 Златни топки е роден на овој датум во 1985 година, што значи дека денеска наполни 34 години.

Роденден слави и еден од напаѓачите кој ги одбележа изминатите 10-тина години. Карлос Тевес, кој настапува за Бока јуниорс, а во минатото го носел дресот на Манчестер јунајтед, Сити, Јувентус, Вест хем…., полни 35 години.

Во ова друштво се и некогашната надеж на Манчестер јунајтед, Аднан Јанузај, Хрватот Ведран Чорлука, како и најславиот романски фудбалер, Георге Хаџи.

- Оглас -

Најнови вести