Зошто Ајакс е толку голем фаворит на гости кај Бенфика?

Бенфика е домаќин на Ајакс во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите, а според коефициентите во Sport Life, гостите од Амстердам се фаворити. Иако Бенфика е домаќин, неколку се причините зошто Ајакс е фаворит за победа.

ОРЛИТЕ НЕ СЕ КОНКУРЕНТНИ ВО ДОМАШНАТА ЛИГА

Бенфика е во лоша форма. Во последните пет меча во изминатиов месец, Бенфика има два порази, едно реми и само две победи. Минатиот викенд одигра 2:2 кај Боависта, претходно дома загуби од Жил Висенте со 1:2, а беше поразена и во финалето на Купот од Спортинг со 1:2.

Во првенството, Бенфика заостанува дури 12 бодови зад лидерот Порто и тешко дека ќе може да стигне до трофејот.

АЈАКС ГИ ГАЗИ СИТЕ ПРОТИВНИЦИ, ВО ЛИСАБОН СЕЗОНАВА ВЕЌЕ ПОБЕДИ СО 5:1

За разлика од Бенфика, Ајакс игра убедливо. Во Лигата на шампионите победи во сите шест меча. За ривал го имаше и Спортинг, против кого во Лисабон славеше со убедливи 5:1. Сега Ајакс повторно гостува во главниот град на Португалија и се очекува нов триумф.

Гигантот од Амстердам е лидер и во домашното првенство, гази во Лигата на шампионите и затоа сега е во улога на фаворит на гостувањето кај Бенфика.

- Оглас -

Најнови вести