Зошто Англичаните не го сакаат прекарот Гордиот Албион

Фудбалската репрезентација на Англија има прекар Трите лава, по грбот кој фудбалерите го носат на дресовите на националниот тим, но попозната е по друг прекар, кој прописно ги нервира навивачите, но и фудбалерите. Тоа е прекарот Гордиот Албион.

Според историчарите, зборот Албион претставува најстар назив за Британија дека на старогрчки јазик тој збор означува камен или бела земја. Токму така многумина кои доаѓале од морето гледале на Островот. Имено, секогаш прво што било видливо со око, биле белите камења и карпи во близина на градот Довер, па така и целиот Остров го добил името Албион.

Зборот „Горд“ пред Албион им го дале Французите во 18-тиот век бидејќи ги сметале Англичаните за превртлива и размазена нација. Тие за време на Француската револуција, Англија ја нарекувале Перфиден или Горд Албион.

Иако многу странски медиуми фудбалската репрезентација на Англија ја нарекуваат Гордиот Албион, Англичаните тој прекар го сметаат за навреда.

- Оглас -

Најнови вести