Атлетико Мадрид второ коло по ред добива шанса утнат пенал да го изведе по вторпат, откако од ВАР собата реагираат на нерегуларност на противниците на Јорганџиите. Против Барса, при пеналот на Диего Коста, голманот Тер Штеген излезе пред гол-линијата со двете нозе и пеналот беше повторен, па Саул даде гол, а вечерва против Мајорка, Алваро Мората утна пенал, но судиите му дадоа шанса да се поправи и тој го стори тоа, погоди за 1-0.
Но, зошто првиот пенал беше повторен, се прашуваат сите? Снимките покажаа дека голманот со левата нога гази на гол-линијата и тука е регуларно. Пеналот на Мората е повторен бидејќи играч на Мајорка пред време влета во 16-никот, пред Мората да шутне. Правила си се правила и стриктно се почитуваат.