Зошто беше исклучен Белингам? Веројатно мислеше дека во Шпанија не разбираат англиски (Видео)

Реал Мадрид направи нов кикс, трет по ред, во шпанската Ла Лига, па им даде шанса на Атлетико Мадрид да го мине, но и на Барселона да се израмни со нив по бројот на бодовите.

Сепак, ситуацијата од 39-тата минута се чини дека беше клучна за новиот кикс на „кралевите“. Џуд Белингам изненадувачки беше исклучен во моменти кога ништо не се случуваше на теренот. Причината останува мистерија, но твитерџиите како да знаат нешто повеќе. Веројатно Белингам упатил погрдни зборови или пцовки кон судијата на англиски јазик и затоа беше исклучен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести