Веќе неколку дена се чека да се официјализира доаѓањето на Гонзало Игуаин во Челзи. Игуаин конечно викендов треба да пристигне во Лондон и да се пресели на „Стемфорд Бриџ“. Голгетерот треба само да ги помине лекарските прегледи, а во понеделник и официјално треба да биде претставен во новиот дрес.
Игуаин сезонава играше во Милан и тоа како позајмен од Јувентус. Напаѓачот најави дека сака да замине на позајмица во Челзи, а и на англискиот тим добро ќе му дојде еден ваков играч за до крајот на сезонава. Челзи е согласен да плати девет милиони евра за овие шест месеци, но клаузулата која стои во договорот на Игуаин со Јувентус, може да значи дека Аргентинецот и следната сезона ќе игра на „Стемфорд Бриџ“.
Клаузулата во договорот вели дека доколку Челзи заврши во Топ 3 екипите во Премиер лигата, а Игуаин даде барем еден гол, ќе мора да го откупи цел договор на Игуаин и да доплати 36 милиони евра на Јувентус. Клаузулата се активира и ако Челзи освои некој трофеј, или пат ако Игуаин даде 15 погодоци до крајот на сезоната.