16.8 C
Skopje
вторник, 2 септември 2025

Зошто да се бори за опстанок во Калчото кога може да игра во ЛШ

Искусниот српски дефанзивец Никола Максимовиќ е пред сензационално враќање во Црвена ѕвезда. Ексиграчот на Наполи го откажа трансферот во Лече, односно позајмицата од Џенов и одлучи по вторпат да го облече дресот на српскиот шампион.

Речиси готова беше привремената преселба на Максимовиќ во редовите на повратникот во Серија А, кому му се предвидува борба за опстанок во следната сезона. Сепак, поради семејни причини, како што известуваат српските медиуми, 30-годишниот стопер по девет години пауза, се одлучи за камбек во домашното фудбалско првенство.

Максимовиќ со Ѕвезда ќе има прилика да игра во групната фаза во Лигата на шампионите доколку Црвено-белите го надиграат подобриот од двомечот Пјуник – Дуделанж, а потоа победат во плејоф-фазата од квалификациите.

- Оглас -

Најнови вести