Најголемиот дел од навивачите на Манчестер сити не ги слушаат тренерот Пеп Гвардиола и останатите поддржувачи дека треба да прекинат со исвиркување на химната на Лигата на шампионите, која се интонира пред секој меч од елитното натпреварување.
Отпорот кон УЕФА почна во 2012 година, кога Сити беше казнет со 30.000 евра за почнување на второто полувреме од еден меч од Лигата на Европа со доцнење од 60 секунди. Една недела пред тоа, Порто беше казнет со 20.000 евра за расистичко скандирање кон Марио Балотели, кој тогаш беше член на „граѓаните“.
Подоцна, УЕФА го казни клубот и за прекршување на финансискиот фер плеј, па навивачите уште повеќе се налутија бидејќи сметаат дека се прави неправда. Дојде и задоцнето затворањето на стадионот во Москва, на кој играше ЦСКА, откако претходно многу навивачи на Сити имаа резервирано авионски билети и сместување.
Затоа, на „Етихад“ секогаш има гласно негодување и исвиркување на химната.